Македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за државната агенција МИА рече дека повеќето од повредените во страшната сообраќајна несреќа во Бугарија се македонски државјани, но дека има и настрадани од Србија. Од друга страна, амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ го демантира Заев. Таа истакна дека меѓу повредените нема државјани на Србија.

Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев. Разговарав со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот кога се слушнала силна експолозија. Успеале да скршат еден прозорец и да се спасат неколкумина. Тоа е страшна трагедија, бидејќи повеќето се деца – 12 деца се помлади од 18 години, а останатите се околу 20-30 години. Поголемиот дел се наши државјани, но има и од Србија, изјави Заев за МИА.

Амбасадорката Јовановиќ за ТВ Прва изјави дека нема државјани на Србија меѓу повредените.

Ова е тажен ден за Македонија. Нашите информации се од медиумите. Голема трагедија. Според информациите, нема настрадани државјани на Србија. Македонија е во шок, изјави Јовановиќ.

46 лица, поголемиот број туристи од Македонија загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.