Облечен во црвена ролка, насмеан Бојан Јовановски, познат уште како и „Боки 13“ им посака среќна Нова година на новинарите на денешното судење за „Рекет“.

Среќна Нова година на сите, да сте живи и здрави, рече Боки 13.

За разлика од минатите сослушувања на судските рочишта, денеска Боки 13 денес изгледа многу подобро. Заедно со него во предметот е и Катица Јанева.

За денес сведок во постапката е нејзината колешка Елизабета Јосифовска. Овие две поранешни специјални обвинителки некогаш во судница седеа една до друга и ги бранеа обвиненијата на СЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.