Актуелниот претседател Иванов е роден во Валандово на 2 мај 1960 година. Тој во моментов ги служи своите последни денови од вториот претседателски мандат.

Иванов време на студиите започнал со политички активизам во либералните, реформски младински организации – отворајќи прогресивни теми во списанијата Млад борец, Студентски збор и Младински форум. Дипломирал на Правниот факултет во 1982 година. На 27-годишна возраст трајно се преселил во главниот град.

За Претседател на Р. Македонија е избран на претседателските избори во 2009-та, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година.

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.