Најновиот извештај за среќата на агенцијата „Gallup“, го потврдува она што одамна го знаеме за среќата – таа не живее овде. Македонија e едно од најнесреќните места за живеење на светот, а убедливо најнесреќно на Балканот. Од вкупно 95 земји, Македонија се најде на 75. место.
Трите најсреќни места за живеење се Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51. Зад нив се Швајцарија, Холандија, Шведска, Германија и Норвешка.
На Балканот, граѓаните на Хрватска се најсреќни – на 23. место со оценка 6,51, а неколку места зад нив се и Словенците – на 26. место со оценка 6,46. Потоа следува Косово на 31. место, Србија на 42. место, Босна и Херцеговина на 58. место и Албанија на 63. место. Македонија е бетер од сите, односно на 75. место.
Од земјите надвор од Европа, само Нов Зеланд се најде меѓу првите десет. САД се искачиле на 14. место, а Канaда е падната на 15. позиција.
Во Азија најдобро се живее во Тајван којашто се најде на 19. место, а во Африка најдобро место за живеење е Нигерија којашто се најде на 59. позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.