Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека не ги прифаќа оставките од министерот Венко Филипче и на заменикот Илир Хасани кои ги поднесоа како морален чин по трагедијата во Тетово со пожарот во модуларната болница.
„Внимателно ги прочлитав наодите за несреќите. Како што е сооптштено, пожарот настанал врз основа на електричен кабел. Сметам дека мема причини да се бара политичка одговорност кај Венко Филипче и Илир Хасани.Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на несреќата. Политичарите нема да го толкуваме извештајот. Откриена е причината, и таа е јасна. Веднаш дадов насока до министереството да се засилат контролите до сите модуларни болници. Сега треба контроли за да не се повтори вакво нешто и на друго место – рече Заев.
Граѓаните на социјалните мрежи револтирани. Велат моралната одговорност нема никаква поврзаност со кривичната одговорност. Кривичната одговорност е работа на јавното обвинителство, а не на премиерот. Поради почит за загинатите и за семејствата на оние кои живи изгореа оставките мораше да бидат прифатени. Згора на тоа, коментираат корисниците на социјалните мрежи, вината за ширењето на огнот е во неквалитетната градба, што пак е директна одговорност на Филипче.
Нема причини…?!
Нема одговорни?!
Алооо!
И тие што не веруваа дека не си со сите денеска се уверија!
Што треба уште да се случи за да ти и твојата неспособна и криминална банда си заминете?!
Народот да се самозапали?!
Неее! Наскоро Вие ќе си заминете 💯% и ќе одговарате!
Но тоа не е се’!
Го знаеме лекот, а тој е ЗАТВОР!☝️ – стои во еден од коментарите под вестите дека оставката не се прифаќа.
Еве дел од коментарите:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.