Владата на денешната седница донесе одлука за прераспределба на ставки во буџетот на Министерството за образование и наука за да се обезбедат средства за реализација на капитални инвестиции.
Владината прес-служба соопшти дека инвестицииите се за градежни работи за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во износ од 3.300.000 денари, 31.400.000 денари за реконструкција на основни училишта, 2.800.000 денари за реконструкција на средни училишта и 11.200.000 денари за Студентскиот дом -Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.