Дел од матурантите веќе 14 дена ја бојкотираат наставата. Денеска ќе одлучуваат дали бојкотот ќе продолжи.

Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи за ТВ24 вели дека од Демократската унија за интеграција им било речено дека прашањето за матурата ќе биде поставено на владина седница.

Денеска ќе одлучиме што ќе правиме понатаму, бидејќи не сакаме повеќе да загубиме од наставата. Без разлика што ќе одлучиме, продолжуваме да се бориме за барањата за модификација на државната матура, изјави Ходаи за ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.