Целиот период на министерската за образование Мила Царовска е исполнет со скандали, уништување на образованието и инаетење на министерката. Последната „реформа” со учебниците е крајно лоша и дискриминаторска одлука од многу аспекти, но свесни сме дека Мила Царовска има цел сосема да го уништи образованието и дека гласот на граѓаните е апсолутно небитен за министерката, стои во реакцијата на Средношколски глас за воведувањето на електронски учебници.

Ние Средношколски Глас како средношколска организација строго се противиме против уништувањето на образованието и доколку министерката Мила Царовска продолжи со нејзиното инаетење и деструктивизам нашето противење ќе прерасне во протести, а трпението кај граѓаните е од ден на ден помало. Стоп за уништувањето на образованието, велат од здружението.

Реакција на Средношколски Глас за воведувањето електронски учебници

Целиот период на министерската за образование Мила…

Posted by Средношколски Глас on Tuesday, 20 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.