Ние средношколците сме против дополнителен хаос во образованието, велат од средношкоската организација „Средношколски глас“, додавајќи дека и онака немањето услови за настава, го отежнуваат со дополнителни неосмислени програми за полагање на матура.

Образованието ни виси на конец, не можеме да го стекнеме вистинскиот обем на учење и добивање на практично и теорично знаење, и полагањето на матура за учебната 2020/2021 година е невозможно на начин каков што е предложен од страна на Министерство за образование, се вели во нивното соопштение.

Од „Средношколски глас“ потенцираат дека физичко присуство на учениците за еден од предметите, а дел да се полагаат on-line, воопшто не е соодветен модел да се полага државна матура која претставува најголемата врата кон академскиот живот, и која што ја дефинира нивната иднина.

Ние нема да поддржуваме неосмислени идеи и предлози за кои нема консултација со средношколците – оние кои навистина знаат што се случува во пракса, оние кои се дел од спроведување на наставата преку on – line платформи, и онаа генерација која претставува експериментална вежба за државата.
Околу 40.000 ученици немаат услови да следат on-line настава, и не ја следат истата или ја следат со прекини. Како тие ученици ќе полагаат државна матура кога наместо да учат од предавања тие се снаоѓаат да учат на други начини? Кога целиот систем ќе биде прилагоден на секој ученик, тогаш ќе може да размислуваме за полагање на државна матура.
Ова нема да го дозволиме! Остро застануваме против ваквиот предлог за полагање на државна матура од страна на министерката Царовска, како и Министерството за образование!
Ние цврсто застануваме против тоа нашата генерација да е генерација на неквалитетни кадри, и кадри без знаење. И ние имаме свои права како и секој човек во оваа држава!, порачуваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.