Тетово и Гостивар поради епидемиолошката состојба со Ковид-19 ќе ја почнат новата учебна година онлајн. Оваа привремена мерка ќе важи само две недели и тоа само за средните училишта, но не и за основните училишта. За сите други ученици во земјава во основното и средното образование останува одлуката за одвивање на наставата со физичко присуство.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека по барањето на Општина Тетово за почнување на учебната година со онлајн настава во првите три недели, Комисијата за заразни болести одлучи само средните училишта да имаат наставен процес преку интернет и тоа за првите две недели во Тетово и Гостивар, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развојот на ситуацијата.
Една од главните причини за оваа одлука е состојбата во болниците кои се преполни, пациенти од Тетово и Гостивар се сместуваат во Скопје. Бројката на ученици во средните училишта е висока и може да биде дополнителен ризик фактор иако морам да потенцирам дека немаше трансмисија во училиштата минатата учебна година кога 40 проценти од учениците беа во училниците. Но мораме да сме внимателни сепак сега имаме преполни болница и не може да се преземе ризик да се случи уште едно дополнително влошување на состојбата. Добро е што бројките на заболени се намалуваат. Масовната имунизација и стекнатиот имунитет веројатно е го прави бранот поразличен, но за да потврдиме ова треба уште некое време треба да помине. Опфатот на вакциниција порасна од 23 на 35 отсто во Тетово – изјави Филипче.
Тој додаде дека за наставата на универзитетите во полошкиот регион, посебно ќе се разговара со нив со оглед на посебните карактеристики кои ги имаат овие образовни установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.