Дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово околу 13.30 часот и со тоа ја бојкотираа наставата од далечина.
Средношколците сметаат дека треба да се оди на училиште и најавија дека и во наредните денови нема да учествуваат на наставата преку интернет .
Ние сме од гимназија, не сме против некого, но сакаме да одиме на училиште. Ние никогаш не сме се изјасниле дека сакаме да имаме онлајн настава. Само сакаме да бидеме на училиште, како што си имаат сите права на образование. Ако има по 200-300 луѓе кои чекаат пред банките и внатре, нас не има само 100 во генерација кои можеме да бидеме на настава. Ако треба онлајн настава треба да купуваме компјутери и телефони, работи кои се потребни, а држава не ги дава – вели Енес Асани, ученик во трета година во гимназијата„Кирил Пејчиновиќ“.
Во селото Долна Лешница, општина Желино родилите на ученици од наставата од прво до трето одделение, пак, не ги пуштија децата на настава поради несоодветни услови. Тие бараат обнова на подрачниот објект во рамки на централното училиште „Луиѓ Гуракучи“.
Зградата е монтажен објект од 1976 година, а покривот е од канцерогени азбестни плочки. Без ново училиште нема да ги испраќаме децата на училиште, општината нашето барање не го има земено во предвид – истакнуваат родителите.
Според податоците на секторот за јавни дејности, во рамки на општина Тетово на училиште почнаа да одат 3.400 ученици од прво до трето одделение. Во општина Тетово има 9.850 основци и 6.300 средношколци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.