Дел од учениците од двете средни општински училишта од Кичево мирно протестираа и побараа настава со физичко присуство во нивните училишта. Протестот под мотото „Настава за сите” против онлајн наставата почна на градскиот плоштад и заврши пред двете средни училишта.

На протестот учествуваа ученици кои следат настава на македонски, на албански и на турски наставен јазик, според кои онлајн наставата не е соодветна, нема услови за непречено одвивање и нема да ги даде посакуваните резултати.

Директорот на ОСУ  „Дрита“ Фестим Ахмети рече дека солидаризира со учениците и дека нивното барање е барем во прва година да се одржува настава со физичко присуство.

Добивме поддршка и од Советот на општината за нашето барање, но надлежните сметаат дека во нашите училишта нема услови за одвивање на наставата со физичко присуство – изјави Ахмети.

Учениците мирно се разотидоа од дворот на училиштата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.