Група средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“, денес на министерката за образование и наука Мила Царовска и презентираа целосно нов концепт за тоа како тие го замислуваат реформираното средно гимназиско образование. Станува збор за документ изготвен од тим ученици како дел од проектот „Имам став“ во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Македонија.

Министерката Царовска на состанокот рече дека во процесот на создавањето на новиот концепт на средното образование добредојдени се сите иницијативи и идеи од учениците, наставниците и родителите, бидејќи новиот модел на образование треба да ги научи учениците критички да размислуваат и да носат одлуки врз основа на анализа и факти.

Го менуваме образованието на подобро, а нашите клучни партнери се учениците, наставниците и родителите. Сите заеднички ќе работиме на создавање на најдобриот модел кој што ќе го имплементираме, рече Царовска.

Концептот којшто го нудат средношколците предвидува задолжителни и изборни предмети, дигитализација на евиденцијата за отсуства, и темелни промени во начинот на евалуација на знаењето на учениците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.