Наместо намалување на непродуктивните расходи заради справувањето со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, Владата дозволила Министерството за одбрана да набавави три возила.
Според предметот на договорот, кој го објави порталот Курир, Министерството за одбрана набавило три возила чија вкупна вредност изнесува околу 90 илјади евра. Станува збор за набавка на две возила од марката „Хјундаи Туксон – Премиум“ и едно од марката „Форд Мондео Тренд“.
Трите возила се во висина од 90 илјади евра, или некаде околу 55 илјади евра биле дадени за „Хјундаи Туксон“, и околу 20 илјади евра за „Форд Мондеото“.
Договорот помеѓу Министерството за одбрана и една автомобилска компанија од земјава бил склучен на 7 септември со рок на плаќање во време траење од 30 дена на целата сума, пишува Курир.
Останува нејасно, зошто Владата дозволила вакви непродуктивни трошења имајќи предвид дека со нејзина одлука, донесена на седница во април годинава, во точка пет, стои дека во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза.
Освен ваквото расипничко трошење, денеска Министерството за одбрана беше цел на нов скандал во кој министерката Радмила Шекеринска незаконски доделила чинови на штотуку примени војници во армијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.