Со виден пиетет одредени портали информираат дека компанијата во сопственост во семејството Заеви „Тотал Инженеринг”, денеска донирака уште едно комплетно опремено амбулантно возило за транспорт на пациенти на струмичката болница. Покрај возилото, донирана е и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот.
Инаку, ова не е прва донација од ваков вид на семејството Заеви. Лани во ноември, неколку дена откако директорот на струмичката болница на Фејсбук молеше за донација „кој колку може“ за да купи возило за болницата, премиерот Зоран Заев ја искористи ситуацијата и лично донира ОПРЕМЕНО амбулатно возило на струмичката болница.
Работна задача на Зоран Заев му е да обезбеди амбулантни возила за болниците во земјава, а не тој и неговото семејство да донираат.
Во меѓувреме, семејството Заеви се спомнува во аферата „Мафија“, голема акција на американската ДЕА за сизбивање меѓународна трогвија со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.