Во одделни средби денеска во Владата беа примени претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во новата учебна година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.
На средбите, информираат од Владата, претставниците на двете групи родители имаа прилика да ги соопштат своите ставови и аргументи, како и да бидат детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на Ковид-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.
Претставниците на родителите на двете групи беа запознаени дека моделот за организирање и спроведување на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци кои одат во прилог и на застапниците на онлајн наставата и на оние кои се залагаат за настава со физичко присуство, стои во соопштението од Владата.
Наведуваат дека задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.