На маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина, премиерот Зоран Заев оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер, информираат од владината прес-служба, од каде додабаат дека на средбата беше истакнато дека Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа.
Беше истакнато дека Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од договорот денес значат и економски потенцијали. Сѐ е до квалитетот на владите, а на малите земји им требаат глобални погледи за квалитетни решенија, заклучија Блер и Заев, информираат од Влада.
Особен фокус во разговорот бил ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна КОВИД-19 пандемијата.
Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.
Во тој контекст Заев и Блер разговараа за можностите за соработки и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ во делот на менаџирање со податоци при справувањето со КОВИД-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет, се вели во соопштението.
Заев и Блер изразиле задоволство од одличните билатерални односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство и надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.