Ахмети не сака Заев да мете во неговиот двор. Метлата на премиерот ги извади на површина различните концепти на коалиционите партнери. По реакциите од ДУИ дека за нив метлата како операција е неприфатлива, Заев денеска со помеки ставови.
Дека во ДУИ не се задоволни со најавената реконструкција потврди и вицепремиерот Османи кој во интервју за МТВ операцијата на премиерот ја нарече дегутантно политичко шоу кое наметнува несуштинска тема во јавноста.
Вчера и лидерот Ахмети без да ја коментира најавената метла уште еднаш предложи јавните функционери да поминуваат низ процес на ветинг кој подразбира проверка на потеклото на нивниот имот
На месец дена по најавата на премиерот дека ќе чисти на Илинденска, министрите велат дека се чувствуваат комотно. Оние од СДСМ се фалат со резултатите, додека нивните колеги од ДУИ велат дека нив може да ги смени само Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.