Работната група за измени на Изборниот законик, во која учествуваат претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски Сојуз, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одржаа состанок во Клубот на пратеници, во организација на Министерството за правда.
Министерот за правда Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профи објави дека првиот состанокот поминал во конструктивна атмосфера.
Се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можни измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, односно нивните предлозите и размислувања за измените – истаакна Маричиќ.
Тој информира дека е договорено овие разговори да продолжат следната недела, а на истите да бидат поканите и парламентарните партиите на помалите етнички заедници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.