Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Македонија, истакнал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.

Како што соопшти владината прес-служба, на честитките за позитивниот мини извештај на Европската комисија за значителниот напредок на нашата земја, премиерот Спасовски на средбата посочил дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.

На средбата било потенцирано дека извештајот, заедно со новата методологија за проширување му дава на процесот на преговори и на пристапување кон членство во ЕУ кредибилност и претставува добра порака за регионот, пренесе МИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.