Многу корисен и пријателски разговор со Влатко Ѓорчев. Се договоривме да продолжиме да работиме заедно за Македонија, напиша кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Инаку, по изборот на Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев како еден од претендентите во оваа партиска трка истакна дека го поддржува изборот на конгресот и и` честиташе на професорката.

Изборот беше демократски и фер. Изборната кампања ќе ја води изборен штаб на Силјановска, но тие може да сметаат на мојата помош, рече тогаш Ѓорчев.

Тој порача дека останува зад лидерот на партијата Христијан Мицкоски и ќе продолжи со досегашното темпо.

Сплотено, заедно да ги победиме СДСМ, повика Ѓорчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.