Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД.

На средбата, министерот Османи ја поздрави соработката и ангажманот на НДИ во Македонија, оценувајќи ги како особено значајни за зајакнување на демократските процеси во земјава.

Воедно, соговорниците разменија мислење за состојбите во Авганистан, при што претседателот Мичел изрази благодарност за обезбедениот времен престој на авганистанските бегалци во Македонија, кои претходно биле ангажирани во канцеларијата на НДИ во Кабул и други меѓународни организации во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.