Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на министерскиот состанок за Западен Балкан во Лондон.

Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија. Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.

Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.