Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера на која го информира својот соговорник за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници.
– Покрај тоа ја искористив приликата да се заблогадарам за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. Разменивме мислења за актуелните состојби, регионалната политика, состојбата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и за можностите за пренесување на експертиза и искуства за зајакнување на капацитетите на Националниот совет за евроинтеграции и Собранието во пристапниот процес, напиша Николоски на Фејсбук
Денеска остварив средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. На средбата информирав за улогата,…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, 27 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.