Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, во Братислава се сретна со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, предизвиците со кои се соочува регионот особено во поглед на регионалната стабилност, како и значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.

Во таа насока, претседателот Пендаровски го информирал Лајчак дека Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство.

Претседателот Пендаровски го информирал високиот преставник и за актуелните состојби во земјава и изразил задоволство од нивната редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.