Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Габер-Дамјановска, како што информираат од Кабинетот на претседателот, го запознала Пендаровски со тековната работа на Академијата, како и со развојните проекти во насока на поддршка на реформите во сферата на владеење на правото и правосудството.

На средбата било истакнато значењето на Академијата во образувањето на новите судии и јавни обвинители, но и во континуирано образование и тренинг на постојните судии и јавни обвинители, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.