Претседателот Стево Пендаровски денеска во Атина се сретна со американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, на која било разговарано за случувањата во регионот и односите меѓу Македонија и Грција.
Разговаравме за случувањата во регионот и за односите меѓу двете земји. Поддршката од САД за Западен Балкан е исклучително важна за напредокот и демократскиот развој на нашите земји, објави Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Претседателот Стево Пендаровски престојува во прва официјална посета на Атина, во рамки на која вчера оствари средби со грчката претседателка и грчкиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.