Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски остварија средба со Овен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија.

На средбата, разговарале за актуелната политичка и економска состојба, како и справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Мицкоски потенцираше дека власта потфрли да ги заштити граѓаните и навреме да обезбеди вакцини против Ковид-19.

Поради тоа заостануваме позади Европа и регионот како една од земјите кои најмалку вакцинира, но пострашно е што лошото справување со пандемијата предизвика Македонија да се наоѓа често во врвот на земји со најмногу починати на листите на милион или 100.000 жители – истакнал Мицкоски.

Во однос на политичката ситуација Мицкоски потенцирал дека власта со бројните коруптивни афери како што издавањето на лажни идентитети на најбараните криминалци во Европа, како и двојните идентитети на македонски граѓани ризикува да го загрози безвизниот режим на земјава, како и ја наруши довербата кај меѓународната заедница. Дополнително, Мицкоски посочил дека за коруптивноста на власта и инволвираноста во криминали, доказ се последните случувања со заплена на дрога и коруптивни афери во кои осомничени се владини функционери и лица блиски до власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласил и дека власта катастрофално се справува со економската ситуација, а како резултат на тоа 60.000 граѓани веќе се останати без работа, а десетици илјади бизниси се затворени бидејќи мерките кои се носат се недоволни да одговорат на реалните потреби на граѓаните и стопанството.

На средбата се дискутирало за одличната досегашна соработка помеѓу искрените партнери и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ во целиот изминат период.

Во иднина планираме продлабочување и проширување на соработката во подготовка на програмата и работата пред следните избори – изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.