Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки се сретна со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј, со која разговарал за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.

Како што соопштија од партијата, во текот на средбата Мицкоски истакнал дека власта не знае да се справи со Ковид-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво.

Мицкоски посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо, како на здравствен така и на економски план. Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата при што потенцираше дека криминалот и корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така, тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара велат од партијата.

Оттаму потенцираат дека Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.

На крајот на средбата Мицкоски и се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.