Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорот на Република Франција во државава, Сирил Бомгартнер.

На средбата тие ги нагласиле добрите билатерални односни помеѓу Република Македонија и Република Франција и заложбата истите понатаму да се надградуваат.

Мицкоски ги истакнал неговите заложби за конкретни чекори насочени кон борба со предизвиците кои произлегуваат од Ковид-19 и неговото разочарување што Владата не испорачува конкретни резултати во таа насока.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветено кон реформски процеси насочени кон борба против корупцијата, реформа на правосудството и администрацијата како и квалитетни економски политики. Во таа насока поддршката од партнерска Франција е од големо значење за Република Македонија – порачал Мицкоски на средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.