Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

На средбата се дискутирало околу спроведувањето на Законот за Судскиот совет, како и околу улогата на Судскиот совет во поглед на отворањето на Поглавјето 23 и исполнувањето на европските стандарди за независно и ефикасно судство.

Во фокусот на денешната средба беше темата за зајакнување на одговорноста на судиите. Министерот Маричиќ истакна дека Судскиот совет е клучната институција која треба да го спроведе објективното и непристрасно прочистување на судството, во соработка со меѓународните партнери. Маричиќ истакна и дека наскоро се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи со висока корупција, но и дека ќе биде сојузник и поддршка за кадровското зајакнување на судовите со стручни соработници, соопштија од Министерството за правда.

Маричиќ истакнал дека иако ситуацијата со Ковид-19 го спречило Министерството за правда да врши редовен надзор над функционалноста на АКМИС-от во судовите, дека сепак надзорите ќе продолжат во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.