Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кој престојува во работна посета на Македонија.

На средбата беше разговарано за европската перспектива на Македонија и регионот како заедничка стратешка целкако и актуелните состојби во тој контекст.

Вицепремиерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на европските интеграции на земјата, партнерството и сојузништвото во справувањето со глобалните предизвици како израз на заедничките вредности.

Делиме иста визија за иднината на Македонија и регионот и поддршката од САД како наши партнери и сојузници секогаш била двигател на процесите. Почетокот на пристапните прег​овори со Македонија ќе означи заокружување на едно поглавје во исполнувањето на заедничката стратешка цел и создавање на нов моментум за европската иднина на регионот како гарант на стабилноста и демократијата. Надминувајќи ги актуелните предизвици, ќе можеме да се насочиме кон унапредување на споделените вредности и продлабочување на партнерството во тој поглед, рече Димитров.

Заменикот помошник Ескобар ја истакна посветеноста на Македонија како НАТО сојузничка во обезбедувањето на регионалната безбедност и промовирањето на евро-атлантските вредности, при што ја посочи важноста на Преспанскиот договор како столб на мирот и сигурноста во регионот. Тој нагласи дека покажаното лидерство и заложбите во реформскиот процес треба да бидат валидирани со заслужен напредок во европските интеграции на земјата, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во процесот на преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.