Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев се сретна на Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
Денес остварив работна средба со Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Самуел Жбогар, на која разговаравме за предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во своето работење.
Како една од актуелните теми се и активностите поврзани со илегалната миграција. Го запознав Амбасадорот Жбогар за зголемениот број случаи на криумчарење мигранти и илегална миграција, како и мерките кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на спречување на овој феномен, за што упатив на неопходна интензивна соработка со сите засегнати земји, особено со земјите од регионот.
За време на средбата разговаравме и за активностите на Министерството за внатрешни работи во спроведување на мерките за заштита на населението од коронавирусот. Во таа насока не помалку важна е и најавата за одржување парламентарни избори, особено што се предлага од страна на власта тие да се одржат за време на пандемија на коронавирус.
Во тој контекст, потенцирав дека е потребно време и ресурси за нивно одржување, особено на предизборниот процес, односно присуството на доволен број претставници на набљудувачката мисија на ОДИХР.
Во рамки на целокупниот тој процес, недостасува и изготвувањето на официјален Протокол за време на избори, врз основа на кој е потребно да се одржат низа обуки за вработените во МВР кои ќе бидат ангажирани во овој изборниот процес, што дополнително одзема време и ресурси, а ќе биде во прилог на успешно спроведување на своите активности.
Заеднички заклучивме дека во надминувањето на сите предизвици е неопходна интензивна меѓуинституционална соработка, поткрепена со успешни препораки на меѓународната заедница, во насока на успешно справување со истите.
🇲🇰 🇪🇺Денес остварив работна средба со Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Самуел Жбогар, на која разговаравме за предизвиците со кои…
Posted by Наќе Чулев on Wednesday, June 10, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.