Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска во Собранието оствари средба со премиерот на Косово, г.Авдула Хоти, кој престојува во официјална посета на земјата.
На средбата било констатирано дека двете земји имаат одлични соседски односи и дека тие секогаш ќе останат исти. Било разговарано и за проширувањето на соработката во областа на економијата, стабилноста и просперитетот во регионот, информираат преку соопштение од ДУИ.
Ахмети го честитал постигнатиот договор во Вашингтон кој го отвора патот за заемно признавање меѓу Косово и Србија, кој овозможува интеграција во НАТО и Европската Унија, бидејќи тоа е единствениот начин што гарантира подобар живот за сите граѓани на Балканот, истакнал Ахмети.
Претседателот на ДУИ за време на состанокот разговарал и за достигнувањата на Македонија, споменувајќи го тука договорот со Атина и Софија иориентацијата на земјата кон Европската Унија.
Ахмети му порача на премиерот Хоти дека компромисите постигнати од Македонија со Грција и Бугарија треба да бидат референтна точка за дијалогот Косово-Србија, бидејќи само преку договор нашите земји можат да одат напред, стои во соопштението.
На крајот од состанокот, лидерот на ДУИ, Ахмети истакнал дека Македонија ќе го поддржи Косово во спроведувањето на неопходните и важни реформи со цел да се поддржи владеењето на правото и правилното функционирање на косовските институции и во овој случај евро-атлантска интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.