Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Република Косово, Ѓeрѓ Дедај.

Како што соопштуваат од партијата Ахмети на состанокот со амбасадорот на Косово разговарале, меѓу другото, и за текот на преговорите за формирање на парламентарното мнозинство за новата Влада.

Ахмети рече дека во оваа гарнитура на владата, Албанците од Македонија се факторизирани уште повеќе, се вели во соопштението.

Ахмети му честитал на Дедај за договорот постигнат во Вашингтон меѓу Република Косово и Србија.

Ахмети го опиша овој договор како добар и во корист на косовските Албанци, бидејќи тој претставува чекор кон конечниот договор, меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, соопштуваат од ДУИ.

На средбата станало збор и за проблемот со граѓаните на Косово кои транзитираат низ Македонија или ги користат аеродромите во Скопје и Охрид за да се вратат во нивните матични земји, за кој се согласиле дека ќе биде надминат за многу краток период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.