СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто гарантирано ќе учествува опозицијата. Избори кои се за спас на државата, пишува на Фејсбук Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Со избори на 15 јули, изборниот ден е во среда и е неработен ден за сите граѓани.
13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот, дома или во болници, како и граѓаните кои се во самоизолација и хронично болните граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела.
15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција, објави Заев на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.