Поранешниот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, историчарот и колумнист Никола Србов, за инцидентот во затворот во Шутка.

„Во оваа земја, која се нарекува „држава“ а е далеку од тоа, во оваа деспотија и феуд, не е нормално да се почитуваат институциите кои ги водат крвожедни личности. Како човек да го почитува судот кога тој ист суд те праќа во затвор затоа што добил таква нарачка? Како човек да не избега од издржување на казна, која судот ја донел по нарачка, во институција во која ќе биде ликвидиран по нарачка? 

Ова што се случува во деспотијава не е нормално, ова е монструозно, лечат длабоки комплекси со нарачки за ликвидации. Во она соопштение, во кое се наведува дека Спире и Миле биле виновни што биле претепани, се вели дека дел од стражарите реагирале со што спречиле трагичен исход, тоа трагичен исход значи физичка ЛИКВИДАЦИЈА на Спире и на Миле!

Вие сте бре монструми.

 на ова не „мора да му дојде крај“ туку на ова мора ние да му ставиме крај.

Во оваа т.н. држава, во која повеќе никој не ја гледа својата иднина, читам ликови кои самите се нарекуваат „луѓе“ кои се исмеваат и се ситат на претепувањето на Спире и на Миле, вие сте болни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.