Во организација на Српскиот културен информативен центар „Спона“, за време на викендот нова група од околу 800 граѓани на Македонија ќе биде вакцинирана против ковид-19 во пунктот за вакцинирање во Здравствениот дом во Врање – во Спорската Сала на булевар АВНОЈ.

Можност за пријавување сè уште има, но од „Спона“ велат оваа акција била направена во време кога во Македонија сè уште немаше масовна имунизација. Најверојатно повеќе нема да организираат бидејќи српскиот претседател Вучиќ најави бесплатна вакцинација за сите македонски државјани.

Преку „Спона“ досега биле организирани околу 2.000 граѓани претежно од помладата популација. Претходно пред речиси три месеци над 15.000 македонски државјани добија можност да се имунизираат во Србија со АстраЗенека.

За десет дена ќе патуваат за втората доза. Инаку министрите за здравство на Македонија и Србија се во преговори да се отвори пункт поблиску до границата каде би се одвивала ревакцинација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.