Македонија нема да добие ниту евро од Европската унија за справување со короната. Помош од 530 милиони евра ќе добијат речиси сите земји-членки и кандидати, но не и нашата земја.
Знамето на Македонија го нема меѓу земјите што ги наведе првиот човек на ЕК Урсула фон дер Лајен.
На списокот што го објавуваме се 17 земји-членки и три земји-кандидатки: Албанија, Црна Гора и Србија. Македонија – ја нема. Знате зошто? Затоа што нам европски пари не ни требаат, подобри сме од цела ЕУ.
Поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции кога беше обезбедена голема количина на донации во борбата со Ковид-19 (заштитни средства, маски, медицинска опрема, респиратори итн) кои не предизвикаа дополнителни расходи за овие потреби, минимумот кој беше проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не беше постигнат, објаснуваат од Секретаријатот за европски прашања, со кој раководи вицепремиерот Никола Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.