Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот Дневник на Сител телевизија истакна дека хибридниот режим на СДСМ и Заев ќе гради Клинички центар кој е четири пати поскап од оној кој во моментов се гради во Србија.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше така како што реагираше околу изградбата на тој фамозен клинички центар, кои што гледам сега во овие 8 милијарди евра повторно се најавува и тоа со сума од минимум 500 милиони евра. Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар што веќе се гради во Србија и треба да биде готов во септември. Идентичен е со нашиот, со 1000 болнички кревети и чини чети пати помалку – 125 милиони евра. Или четири пати помалку од клиничкиот центар што планира да го изгради хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев. Епа ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што ние зборуваме, дециден е Мицкоски.

Нашиот концепт за изградба на клиничкиот центар, рече Мицкоски односно концептот на ВМРО-ДПМНЕ е токму како тој што се гради во Србија.

Ако не се поништеше тендерот во 2016-2017 година, денес граѓаните ќе имаа клинички центар и реновирани клинички болници во рамките на „Мајка Тереза”. Но, трчајќи по провизии, здравјето на граѓаните повторно се става на коцка. Имаме пљачка од повеќе од милијарда евра во најава, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.