Услов за почеток на преговорите е да се исполнат Копенхагеншките критериуми, потсети од Куманово професорката Гордана Силјановска Давкова.
Далеку е Копенхаген, ама како Хамлет да е овде, зашто ние сме исправени пред дилемата да бидеме или да не бидеме. Не, јас не сум Офелија, ама Хамлет е меѓу нас. Се разбира дека да се биде и да не се биде за некои е да се потпише договорот, кој навистина значи можност за решавање на едно прашање, но јас се плама дека то ане е решение, туку дека отвора многу нови дилеми, рече Давкова.

Срамота е во 21 век повторно да се отвора македонското прашање.
Во 19 век велеле дека треба да се затвори. Јас верував дека АСНОМ го затвори. Јас верував дека е затворено кога се прогласи самостојна и независна Република Македонија. Прогласувањето не беше случајно. Се темелеше на Декларацијата за самостојна и суверена држава, а таа се повикуваше на Пактот за граѓански и политчки права од 1966 година, во која е загарантирано правото на самоопределување, а право на самоопределување нема без право на име, знаме, химна, Устав, се што им припаѓа на останатите држави.

И кога ние тргнавме тоа да го остваруваме, велат дека сме на среде пат, дека треба повторно да се повикуваме на борбара за правдините, на почитувањето на меѓународното право и почитувањето на Уставот.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.