Венко Филипче и Зоран Заев одамна го однесоа здравството во колапс, а денес, како граѓани на Република Македонија, сведоци сме на најсрамниот чин на министерството за здравство и Владата, најсрамниот нехуман и нечовечки чин, а тоа е отказот што на перфиден, шверцерски и срамен начин му го дадоа на специјалистот невролог доктор Мирослав Гроздановски, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Повторно ќе потенцирам, целиот срам на министерството излезе на површина како фекалија само преку отказот на овој доктор и господин кој има над 30 години стаж како специјалист и му врачија отказ на само 3 години пред пензија.

 

Причината сите добро ја знаеме, смешна и срамна. Почитуваниот доктор го сликаше срамниот натпис во болницата Букурешт за одделот дерматовенерологија, на кој неписмено беше напишана таблата демавенетерологија и така беше поставена.

 

Заради ова, човек, специјалист доктор со полн работен век, на 3 години пред пензија, хунтата на власт го остави без работа. Само и само затоа што јавно на површина им го извади срамот.

 

На најперфиден и шверцерски начин, додека бил на одмор, го префрлиле во болницата Бит Пазар, а таму му дале отказ затоа што наводно не се појавил на работа три дена. Без да му се јави некој, без да го повика, без да разговара со него – реагира Арсовски.

Тој потенцира дека ова е сликата за односот на Венко Филипче и Зоран Заев кон квалитетниот кадар.

Затоа пак, секаде онаму каде што имаше сомнителни случаеви на починати родилки и такви трагични случаи, коишто јавноста многу добро ги знае, нема до ден денес никаков епилог и никаква одговорност, а човек кој што ја извади јавно неписменоста и срамот на министерството за здравство беше експресно избркан во рок од една недела.

 

Ова не е изолиран случај, докторот Гроздановски е само жртва на целиот трул и пропаднат систем во државава.

 

Срамен е ваквиот однос на државата кон своите граѓани, што го демонстрираат Зоран Заев, владата, Венко Филипче и сите надоле следствено.

 

Венко Филипче барем на момент може да заборави на власта од којашто е опијанет и веднаш да му се извини на докторот Гроздановски и да го врати на работа. Кога веќе срамот го изедоа како влада и како министерство, најмалку што можат е човекот да го вратат на работа и достоинствено да го заврши работниот век и да отиде во пензија.

 

Граѓаните, а најмалку докторите за кои што сите велиме дека се наши модерни херои изминативе неколку години воопшто не заслужуваат ваков однос – реагира Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.