Ако Тамара Тодевска вчера настапила како правно лице на настанот во американската амбасада покрај со членот 178 од Кривичниот законик таа и правното лице кое го потпишала договорот за настап заради испуштање на првата строфа од химната се соочуваат и со прекршок и парична казна до 5000 евра.
Ако настапила како физичко лице казната за неа е до 1.000 евра.
Според законот за државните симболи “Како химна на Република Македонија може да се изведува само мелодијата и текстот на химната утврдена со Законот за химната на Република Македонија”.
Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правното лице ако ја изведува химната спротивно на одредбите од овој закон, пишува во законот.
Делови од законот кои се однесуваат на вчерашниот инцидент во американската амбасада:
Закон за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Co овој закон се уредува употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија.
Член 2
Co грбот, знамето и химната на Република Македонија се претставува Република Македонија и се изразува припадноста на Република Македонија.
Член 3
Грбот, знамето и химната на Република Македонија се употребуваат во согласност со одредбите на овој закон и на начин со кој не се нарушува угледот и достоинството на Република Македонија.
Член 4
Грбот и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат само во формата и содржината што се утврдени со закон.
Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.
По исклучок, ако е тоа со закон и друг пропис пропишано, грбот и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат како составен дел на други амблеми, односно знаци (воени, командни и ранговни знамиња и друго) или на знамето на Република Македонија може да се испишува одреден датум или име (воени и други свечени знамиња и слично).
Како химна на Република Македонија може да се изведува само мелодијата и текстот на химната утврдена со Законот за химната на Република Македонија.
V. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 30
Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правното лице ако:
1) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија спротивно на одредбите од член 3 на овој закон;
2) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија и ја изведува химната на Република Македонија во поинаква форма и содржина од онаа утврдена со овој закон (член 4);
3) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија како знаци за одбележување на стоки и услуги (член 5);
4) употребува оштетени или со својот изглед неподобни за употреба грб и знаме на Република Македонија (член 6);
5) не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно со одредбите од член 7 на овој закон;
6) ја изведува химната спротивно на одредбите од овој закон и
7) изведувањето на химна на странска држава спротивно на одредбите на овој закон.
Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице на правното лице за прекршок од став 1 на овој член.
За прекршок од став 1 на овој член глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице на органот на државната власт, единицата на локалната самоуправа, јавната установа, јавното претпријатие и јавната служба, што ја основа Републиката, односно единицата на локалната самоуправа.
За прекршок од став 1 на овој член глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на физичко лице.
Ако прекршокот од став 1 на овој член се изврши на јавен собир глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на лицето одговорно за организацијата на јавниот собир.
Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од член 24 на овој закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.