Ние немаме споделена историја. Имаме заедничка историја.

Ова во интервју за агенцијата БГНЕС го изјави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, пренесуваат бугарските медиуми.

Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија и Одринско. Наследивме време, кое не беше во полза на пријателството меѓу нас. Југославија нè делеше. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме иднина. Треба да создадеме позитивна атмосфера меѓу младите луѓе за да го искористат тоа минато како отскочна штица за подобра иднина во периодот, што ни претстои, вели Заев.

За него Бугарија не фашизам, туку Бугарија е наш пријател.

Новите поколенија не ја знаат целата таа реалност, а таа треба да не сплотува. И во Македонија и во Бугарија тоа влијае врз луѓето на еден многу погрешен начин. Ако некој си дозволува да ја оцрни Бугарија со пи-ар објави во светот, ќе сноси одговорност. Тоа нема да го дозволам. Државата не учествува во тоа, тврди премиерот.

 

Според неговите зборови, „длабоката држава“ останала во владејачката според него ВМРО-ДПМНЕ.

Исполнувањето на Договорот со Бугарија ќе биде закон. Република Македонија ја потврди својата доверба кон Бугарија за да го штити нашето небо. Имаше голем притисок од Турција и од Италија. Но, ние рековме-извинете, прв сосед ни е Бугарија, затоа Грција и Бугарија ќе бидат двете држави, кои ќе ни го чуваат небото, вели Заев.

И ветува:

Јас како премиер во името на целиот македонски народ ја преземам обврската, спроведувањето на Договорот да биде за пример. Во прв ред, зашто така ќе му служам најдобро на својот народ, но, се разбира, и на пријателска Бугарија. Лично јас ја потврдувам нашата позициј за целосно спротивставување на говорот на омраза, кој итно треба да биде прекинат.

Тој даде уверување дека активистот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го запали бугарското знаме, ќе понесе одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.