Да ви објаснам две работи кои мислам дека треба да се расчистат, оти забележувам тенденција за ширење на лажни вести и доведување на граѓаните на Македонија во заблуда, пишува Роберт Милески осврнувајќи се на вестите за обидот за свикување на конгрес од страна на членови на ВМРО-ДПМНЕ и наводното фалсификување на документи во Германија на пратеникот Антонио Милошоски, кои се спинуваат во јавноста.

1. Го прочитав статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Од него јасно се воочливи неколку работи. Прво, конгрес како постојано тело не постои. Конгресот е ад-хок тело, односно се формира тогаш кога е потребно (постојат одредби кои дефинираат кој сè го сочинува конгресот како делегат). За да се свика вонреден конгрес не се прашуваат делегатите, оти тие се делегати дотогаш додека трае конгресот, туку се прашува Централниот комитет! Вонредниот конгрес се свикува на барање на 1/2 од членовите на централниот комитет, кој одлучува во рок од неколку дена, и доколку барањето е потврдено од 2/3 од централниот комитет, се свикува вонреден конгрес. Толку за оваа заблуда. Заклучок: иницијативен одбор или непостоечки делегати можат да свикаат вонреден конгрес колку што можеме да свикаме јас и вие.

 

2. Милошоски нема извршено кражба во Германија, туку е фатен во автобус без карта! Тоа во Германија претставува кривично дело. Тоа што се манипулира поради непознавање на германскиот јазик, од една страна е неразбирање на германски правни поими, од друга страна се користи за типична манипулација. Толку и од оваа заблуда.

 

Затоа што и вие и јас имаме право да ја знаеме вистината, што би рекол еден водител на емисија во која до збор доаѓа само Чак Норис, пишува Милески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.