Зголемувањето на бројот на дијагностицирани во изминатите денови се должи на непочитување на рестриктивните мерки од претходната фаза рече вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски, но на прашањето дали и владата придонесе кон ова, затоа што дозволи верските заедници да одржуваат обреди, од каде што излегоа некои на кластерите рече дека не чувствува вина.
Тоа беше во недела, денеска сме вторник. За два дена нема инфицирање ни зголемување на бројот. Поставете го прашањето – дали е од собиранките што си ги правиме секој од нас по домови, по маала, по паркови, кога сите апелираме да не се собираме во големи групи, некако како ни се подобрува времето, некако не сакаме да слушаме. Точно е дека имаше нови случаи и поради ифтарските вечери, тоа го утврдивме, но и со други поголеми настани што се случија, има и кластери поврзани со институциите итн, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.