Ревидирање на регистарот на нелегални градби најави охридскиот градоначалник Константин Георгиески. Од листата која брои 409 дивоградби во заштитениот појас односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот, според Георгиески, само десетина биле објекти.
Градоначалникот вели дека регистарот треба да се дообработи, но сеуште не знае дали истиот ќе биде јавно обелоденет и уверува дека во идниот период ќе се пристапи кон рушење на се’ што е изградено надвор од Законите.
Георгиески најави дека битката за спас на Охрид ќе се интензивира на сите полиња итно ќе се пристапи кон исполнување на дел од препораките на УНЕСКО, но општината нема капицитет сама да се справи со најважните проблеми.Тој смета дека целиот проблем лежи во законот за легализација бидејќи немало посебен закон за Охрид.
Првиот човек на Охрид потенцира дека следниве неколку месеци ќе се пристапи кон ревитализација врз колекторскиот систем на езерото, а ќе биде направен и план за управување со Охридско-струшкиот регион.Инаку Охрид е под заштита на УНЕСКО веќе 40 години како културно и природно наследство. Во февруари следната година, УНЕСКО ќе го разгледа извештајот на следната 44 седница и ќе одлучува за натамошниот статус на градот.
извор: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.