Поранешниот советник на претседателот Стево Пендаровски  и прв министер за надворешни работи, Денко Малески во колумната за „Плусинфо“ говори за преговорите со Бугарија, за евентуалниот ангажман на странците, па дури и за критиките кон претставникот на Евровизија Васил Гарванлиев.

Странците се решение? Ако се вклучат странски посредници во македонско-бугарскиот спор, што нема да се случи се додека не се загрозат интересите на големите сили односно на НАТО сојузот,  тие ќе се консултираат со своите историчари кои ќе ги брифираат не врз нашата или бугарската, туку врз основа на западната политичка и историска литература која е најблиска до објективните историски факти. Во таков замислен разговор, некои работи што ќе ги слушнеме ќе ни се допаднат а некои не. Дека македонска нација и македонски јазик постојат и, не само што  никој не треба  да ги негира тие факти, туку треба да се однесува кон нив со должна почит. Дека, како сојузници во големата антифашистичка борба во Втората светска војна, заедно со другите југословенски народи, не врзуваат трајни и нерсакинливи врски. Но, и дека има само две држави на Балканот кои не можат да се повикаат на средновековно историско наследство, туку се современи, модерни држави: Словенија и Македонија. Ќе ја објаснат и пан-бугарската идеја и како геополитиката го забрзала процесот на создавање на македонската нација од средината на деветнаесттиот век, а особено во триесеттите и четириесеттите на дваесеттиот век-пишува Малески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.