Според анкетата на емисијата „Детектор“, мнозинство од граѓаните, критиките кои на македонска адреса доаѓаат од Брисел се оправдани. Вака сметаат 41,4 отсто од анкетираните, додека во спротивното се убедени 26,7 отсто додека 31,9 отсто немаат одговор. 46,8 отсто од анкетираните сметаат дека аферата рекет ќе има влијание врз одлуката за добивање на датум за старт на преговорите. 32,4 отсто не очекуваат последици додека 20,8 отсто останале без одговор.
Доколку утре се организира референдум, високи 67,4 отсто ќе гласаат за влез на Македонија во Европската Унија, 17,3 отсто се против додека без одговор се 15,2 отсто анкетирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.