Според министерот за здравство, Венко Филипче, Македонија нема највисока стапка на смртност од коронавирус во регионот.
Не е висока стапката на смртност кај нас кога се споредува со земјите во регионот. Ние сме земја со пониска стапка на смртност и од Грција и од Словенија. Начинот на кој ние ги калкулираме починатите пациенти, не го прави ниту една земја, а тоа е во бројката да ги калкулираме и бројката на брисеви кои сме ги земале постмортум, односно доколку некој бил суспектен, тестираме и тие лица ги внесуваме со статистиката, рече вечерва на „Топ тема“ Филипче.
Голем дел од вкупната бројка на починати се вакви случаи, а тоа не го прават другите земји, истакна министерот за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.